МММ или Моралната Мизерија на „Мудросерите“

by Фокус

Каква мудрост е тоа, како партија на власт дури 10 години, да застанеш зад „мудрите“ шамари на еден вицепремиер како „мудар“ одговор на поставено прашање од Саше Политико?

И мудра ли е нивната најава дека слично ќе ги снајде сите „платеници“ што ќе се дрзнат да постават директно прашање? Оти според груевците премудри, тоа било загроза на приватноста им, ем слободата. Ним ќе им е загрозена слободата, ама дури кога ќе паднат од власт.

Затоа и се во паника. И затоа вака „мудросерат“!?

МММ ќе продолжи најагресивно со стратегијата ППП. Или, Моралната Мизерија на Мудросерите ќе продолжи турбо со нивната волшебна формула на Пари, Пендрек и Пропаганда.

Тоа сега им се гледа како последен спас од судбината што ги чека. А ќе ги дочека, кај да е! Разбуденото граѓанство не смее да стивне.

Оти, што би рекле комшиите, „ничија није до зоре горела“!

Еве и Мирка разбра дека „Груевски лаже како Бранко“!!!

Пишува
Јадранка КОСТОВА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”