Министерот Јолевски на тајни тендери ќе потроши 250 милиони евра!

by fokus

Во јули 2015 година, владата на затворена седница донела одлука во наредните десетина години да набави воена опрема и вооружување за АРМ, во вредност од 250 милиони евра, дознава „Фокус“.

Иако изборите се на самиот праг, во тек е завршница на еден од тајните тендери на Министерството за одбрана за мултимилионска набавка на 23 оклопни транспортери за потребите на АРМ, на кој во игра се три фирми – американска, чешка и полско-хрватски конзорциум.

Врвот на владејачката ДПМНЕ наводно навива тендерот да го добијат Хрватите и Полјаците, кои треба да испорачаат најниска цена, без оглед на квалитетот, сервисирањето и одржувањето на возилата.

Ќе има ли провизија и во овие набавки и дали причината за повлекувањето на министерот Зоран Ставрески е поврзана со одлуките на власта околу овие набавки?

Пишува
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”