Не ги уби водата, ги уби државата!

by fokus

Експертите оценуваат дека поплавата во Стајковци, Сингелиќ и во други скопски села, во подножјето на Скопска Црна Гора покажа дека затаиле државните институции, кои доколку функционирале во делот на превентивата, како во други места во регионот, најверојатно оваа несреќа немало да однесе ниту еден човечки живот, а материјалната штета би била преполовена.

Според нив, дождот предизвикал поплава со таков обем, пред сѐ, поради сечата на шумата и застарената и неодржувана канализациска мрежа, бидејќи вегетацијата ја задржува водата постепено да се спушти во сливното подрачје, чиј удар би бил дополнително амортизиран ако каналите биле правилно димензионирани и исчистени.

Во недостиг од вегетација и канали, објаснуваат тие, надојдената вода се спуштила одеднаш со огромна експлозивна моќ, удирајќи во обиколницата, која одиграла функција на брана, поради што се создало едно мало езеро

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”