Милиони се арчат за новогодишни прослави на плоштадите, а десетици „Тамари“ бараат пари за лекување

by fokus

Последните неколку години не поминува ден без на социјалните мрежи да се појават нови апели за собирање пари за деца болни од церебрална парализа, мултиплекс склероза, рак на коските, тумор на главата, вродена срцева мана, за што се потребни илјадници евра, а семејствата не можат да ги обезбедат.

Во тој период на гнев и револт, кога детски живот е во прашање, социјалните мрежи вријат од обвинувања на адреса на државата и локалните власти кои фрлаат од 5 до 10 милиони евра за барокни згради, споменици, фонтани или, пак, носат пејачи од соседните држави за суми од 50 до 80 илјади евра за да ги забавуваат за новогодишните прослави или за време на илинденските и велигденските празници.

Колку само малку вреди човечкиот живот во Македонија?

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”