Меѓународните тешкаши токмат компромис за името до јуни идната година!

by fokus

После 25 години, сѐ се чини, почнува да се расчистуваат темните и црни облаци на небото над Македонија и Грција. Многу често имаше грмотевици и поројни дождови кои ни го „поплавија” европскиот и евроатлантскиот пат, а земјата и сите нас нѐ оставија во кал до гуша.

Ние, речиси постојано изложени на балканските ветрометини и невремиња, полека како да почнуваме да ги чувствуваме потоплите ветришта од југот. На подобрувањето на климата меѓу Скопје и Атина, секако влијае и нашата поголема отпорност и искаленост да се справиме со сите непогоди, но и во наша полза да ја искористиме поволната „ружа на ветрови” во која сѐ помалку ќе ги има руските ветришта од Кремљ.

Врз таа нова клима, секако, големо влијание имат и западноевропските демократски, но и американските прекуокеански атлантски ветрови. Ќе ја однесат ли конечно Македонија во НАТО и во ЕУ? Се насетува и се очекува ли конечно разведрување?

Сонце и нас, и Западниот Балкан, да нѐ огрее. Па дури, како знак на среќа – и виножито да се појави. Којзнае, во 21-иот век сѐ е можно. Во вакви геополитички и „метеоролошки” услови, Скопје беше домаќин на втората средба на шефовите на дипломатиите

Пишува
Александар ДИМИТРОВ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”