Ме удри ГРОМ!

by Фокус

Како да ме удри ГРОМ кога ја слушнав љубезната конверзација меѓу Стевче Јакимовски и Сашо Мијалков. Првиот го замолува второнаведениот да му учини за изборната листа на Милетиќ, звани „где је печат“!

Јакимовски беше колумнист на дневен „Фокус“, најжесток критичар на Фамилијата, а, еве, си го имал „на-ти-го дај-ми-го“ со Братучедот.

Да знаев тогаш, ќе го замолев да го замоли Мијалков, по смртта на Никола Младенов, да не ја тормози барем неговата сопруга на суд со барање да му се извинува за клевета во дневниот весник, кој веќе не постои.

Не е хумано, нели!

Ама, за нештата да станат појасни, добро што го слушнавме ова!

Пишува
Јадранка КОСТОВА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”