Македонија нема да стане „Државотека“!

by Фокус

Сепак, и покрај сите напори на власта, има шанси за Македонија!

Досега, сѐ оди и тече според предвидувањата и планот. За среќа, полека почнува да се менуваат состојбите во земјата.

Но, за жал, по цена на изгубените осум животи на храбрите полицајци-специјалци (можеби и на цивили?), налудничаво испратени во акција која засега останува да биде голема енигма.

Да се борат против терористичка група од криминалци и терористи. Поточно, пара-терористи, или – „терористи за пари“.

Тоа беше последната (крвава) капка која ја прелеа чашата. Сирените за узбуна и тревога силно се огласија.

И овде, меѓу сѐ погласните граѓани, без оглед на партиската, етничка и верска припадност.

И кај пријателската меѓународна заедница – НАТО, ЕУ, САД и клучните демократски земји.

Сите заедно, само така може, на една врхушка нема да ѝ дозволат нецивилизациски и недемократски да ги киднапира сите пори на државата и општеството, за да господари со нашите судбини и животи.

И да продолжи да ја загрозува стабилноста и иднината на земјата и на сите македонски граѓани.

Што може опасно да влијае врз сѐ уште кревката стабилност и безбедност и на Македонија, но и на Западниот Балкан.

Нема да се случи да сме „црна дупка“ која би го вовлекла регионот во неизвесни и турбулентни состојби

Пишува
Александар ДИМИТРОВ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”