Како е договарана кумановската војна?

by Фокус

Во февруари годинава, познат ПР агент од Франција имал таен состанок со високи претставници на власта во Скопје.

Тогаш наводно е договорена мала, но контролирана војна, каква што и практично се случи, која ќе има за цел да создаде паника и страв, а преку успешна полициска акција да се врати некаква доверба во институциите и во државата.

Состанокот, според дипломатски и безбедносни извори на „Фокус“, се одржал на Водно, во бело-златна вила, на 17 февруари во вечерните часови и на него присуствувале тројца високи државни претставници.

Францускиот експерт сакал да ангажира и неколкумина спин-доктори на кои им го претставил сценариото заведено под името „малечка војна“ („La petite guerre“).

Пред нив, за време на убедувањето дека е неопходно да му се приклучат во тимот тврдел дека таквото сценарио ќе значи само еднодневна контролирана војна, иако наводно претставниците на власта сакале тоа да биде судир од поголеми размери

Пишува
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”