Крајот на кризата не се гледа, ама се наслутува!

by Фокус

Каде запревме пред две недели? Да, на 29 јуни, кога во Скопје започна второто полувреме на натпреварот меѓу мешовитата екипа на Зоран Заев, лидер на здружената опозиција и на натпартиското, мултиетничко и повеќерелигиозно Движење „Граѓаните за Македонија“ против премиерот Никола Груевски и неговата екипа – недемократската, апсолутистичка, корумпирана и криминалнa врхушка.

Целта се знае: враќање на државата и на општеството во рацете на сите македонски граѓани. А со тоа, и на слободата, демократијата и иднината на земјата.

И, што се случи? Пред три-четири дена, во понеделникот, со договорените доаѓања на американскиот помошник на Државниот секретар Викторија Нуланд, и во вторникот, на еврокомесарот Јоханес Хан, завршија последните „две минути“ од регуларното време на натпреварот. Второто полувреме беше потешко и не покажа ништо посебно и спектакуларно.

И двете екипи со непроменети тактики и со нестабилна „кондиција“ и концентрација. На првата, која на почетокот делуваше млако, уморно и недоволно средена, „ѝ бега“ победата.

На втората пак, со сооднос 3:1 во нејзина полза, со прегруба и валкана игра настојуваше да го одржи резултатот, заради што доби неколку „жолти картони“, веќе „и се смее“ поразот. Или, каков малер сме, да не ќе биде обратно?

Овој натпревар заврши. Засега, резултатот е нерешен. На есен почнуваат реванш натпреварите за да се знае конечниот победник. Па, секому според кармата…

Пишува
Александар ДИМИТРОВ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”