Дипломатите прашуваат: Зошто нема отпор против режимот?

by Фокус

Малкумина можат да сфатат зошто, и покрај тоа што редица рапорти на официјални меѓународни институции, како Извештајот на Рајнхард Прибе и заклучоците на Европскиот совет, или на влијателни невладини организации, како Меѓународната криза група, ја констатираат црно-на-бело страховладата на пастирот, која е зрела како круша за паѓање, а со гнилоста веќе се заканува да го сотре и дрвото на македонската надеж, не преземаат ништо тоа и да се случи.

Во основа на оваа констернација на демократската јавност лежат нереално кренатите очекувања дека ако не од Брисел, тогаш сигурно од Вашингтон (или од Берлин, сеедно) на Груевски ќе му се заканат со замрзнување на сметките на Фамилијата, со процес пред меѓународен суд за корупцијата во која е фатен  во крупни кинески, европски, грчки и други зделки или за соучесништво во меѓународен тероризам во контекст на Кумановската војна и тивко ќе го испратат во политичката историја за да престане да ја тормози Македонија.

Наспроти тоа, сведоци сме оти меѓународниот фактор кумува на компромис меѓу власта и опозицијата, небаре станува збор за провинциска, маалска криза во која две раскарани политички тетки, наместо да се плукаат и пцујат, треба да се натераат да испијат кафе, да ги превртат филџаните и да си претскажат светла иднина.

Компромисот меѓу џелатот и жртвата што се кова, веќе добива епски димензии, кои секако ќе бидат опишани во учебниците, што би рекол Груевски.

Пишува
Зоран ДИМИТРОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”