Корења не ни бегаат!

by Фокус

Според аналитичарите притисоци за промени на монетарната политика ќе постојат, особено кога ќе се реализираат заканите за прекинување на кредитирањето од Светска банка и ММФ.

Сепак, таквата ситуација, пред сѐ, ќе се одрази во порастот на каматните стапки и отежнувањето на условите за кредитирање.

Сето тоа може да доведе до зголемување на трошоците на производство, а со тоа и намалување на конкурентноста на домашното производство и пад на извозот.

Ако ваквата криза потрае, ќе има послабо полнење на буџетот, што во услови на неможност од нови задолжувања од надвор ќе влијае врз исплатата на пари од буџетот, за плати, пензии и за социјални трансфери.

Едно утро, наскоро би можеле да се разбудиме и да ѝ порачаме „добро утро“ на новата рецесија во економијата. Ќе јадеме ли корења?

Пишува
Младен ЧАДИКОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”