Колку тажно морално потона уредничкиот тим на МРТВ!

by Фокус 17:50
17:50

Уредништвото на МРТВ кое води партиска пропаганда наместо информирање на јавноста недвосмислено треба да си замине, но кои се решенијата што се нудат?

Опозицијата како што слушнавме побарала да „стави рака“ врз втората програма на јавниот сервис. Тоа покажува дека опозицијата не сака да го промени амбиентот и да го смени системот на апсолутна партиска доминација со државните ресурси на штета на граѓаните, туку само сака да се избори за свој дел „од колачот“.

- Advertisements -

Прво, дискутабилно е каков кредибилитет би имале новинари предложени од политичка партија да уредуваат вести без оглед дали на прва, втора или десетта програма.

Второ, информативните програми се наменети за луѓето како граѓани на државата, а не гласачко тело што треба со пропаганда да биде ставено во нечија функција.

За тоа да биде така, клучна улога имаат новинарите и уредниците, како што вели Орав.

Но, најважно од се за таа улога да биде прогресивна, а не ретроградна е тие новинари да работат според новинарски принципи и јавниот интерес, и клучно, да имаат интегритет да опстојат на таа цел.

Пишува
Ида ПРОТУГЕР ВЕЉКОВИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”