Градоначалникот Коневски ќе гради „Јура“ парк во Лисиче!?

by Фокус

Аеродром е најбогатата општина во земјава со буџет од приближно 22 милиони евра. Според официјалните информации, во последните неколку години, во оваа скопска општина се изградени девет луксузни паркови со езерца, водопади и гејзери на површина од околу 100.000 квадратни метри.

Општината, само за нивната изградба, за партерно одржување и за одржување на фонтаните потрошила повеќе од 7 милиони евра народни пари.

Во програмата за оваа година, планирана е изградба на уште еден нов парк на потегот Горно – Долно Лисиче.

Според нашите информации, паркот треба да биде на површина од девет хектари и ќе се вика „Рајска градина“, а во него ќе бидат сместени разни видови животни – срни, фазани, мајмуни…

Новоизградениот парк би чинел околу 260 илјади евра, а за идејното решение досега се дадени близу 114 илјади евра

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”