Книговодителот

by fokus

По една деценија верно служење, книговодителот на мафијата облечена во власт поднесе оставка. Поради здравствени причини, нема веќе да биде чувар на касата и фактор во реализацијата на планот за големата операција на грабеж на народни пари и нивно перење и легализирање.

Во најделикатниот политички, економски и општествен хаос во Македонија, книговодителот заглибен во „калливото мочуриште“ одлучи да се извлече од него и да не ги води финансиските и деловните книги на Фамилијата, бидејќи уште од поодамна констатира дека нејзините припадници се „лудаци“ кои тоа што го прават е „ненормално“, а ќесето веќе е изгорено.

Си замина и остави фалименто. Јасно како во магла, па граѓаните не можеа да разберат што се случува, а клиентелистичката категорија одбиваше да сфати дека со ајљази и џамбази не се прави држава.

Еден од таквите егземплари на „Изродбата“ беше Книговодителот со хохштаплерска психологија, кој во новонастанатите околности лесно може од поранешен „буки“ (bookie) да стане „пентито“ (pentito) т.е. соработник на правдата

Пишува
д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”