Клучот е во Скопје и Атина, а калаузот во Вашингтон и Брисел!

by fokus 13:44
13:44

Медијаторот Метју Нимиц беше во Скопје во нов обид да се изнајде компромис меѓу Македонија и Грција за ирационалниот и апсурден спор за името. За жал, не отиде во Атина.

По речиси 20-годишното неуспешно медијаторство се чини дека е и уморен и заситен. Но, уште е оптимист. Неговата дипломатска чанта, или торба, е изветвена и излитена. Што сѐ нема во неа.

- Advertisements -

Сѐ има, само компромис не! Стотици предлози, еднаш одбивани од Македонија, друг пат од Грција. Премногу пораки и постојани изјави дека клучот за заемно прифатливото име е во Скопје и во Атина.

А ако нема клуч, помага и калаузот. Сигурно може да се најде во Вашингтон и во Брисел. Јасно, нели?

Пишува
Александар ДИМИТРОВ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”