Каква е врската на Томе Аџиев и Антонијо Милошоски со здруженијата на возачите?

by Фокус

Поранешниот адвокат Аџиев бил претседател на Управниот одбор на здружението на возачите од Битола сѐ до изборот за лустратор, кога се повлекува.

Меѓутоа, набргу потоа станува содружник во компанијата за технички преглед на возила, основана токму од ова здружение.

Таткото на пратеникот Милошоски, пак, беше секретар на кичевското здружение на возачите, а неговиот брат сѐ уште е застапник на Сојузот на здруженијата на возачите.

И против двајцата се водеа судски процеси, кои засега завршуваат во нивна корист.

Обелоденувањето на телефонскиот разговор од страна на опозицијата, во кој се слуша како Милошоски му предочува на Аџиев да посвети внимание на барање за лустрација на кичевскиот судија Билески, се поставува прашањето дали сето тоа е поврзано едно со друго?

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”