Како „Силекс неметали“ со огромни долгови кон државата заврши во ликвидација

by fokus 13:01
13:01

Семејството Левковски од Кратово раскажува дека фирмата во која нивниот татко работел три децении „Силекс неметали“ одбива да исплати отштета за неговата смрт на работното место, иако за тоа има и правосилна судска пресуда.

Но, за тоа веќе е и доцна, бидејќи според Левковски, од неодамна фирмата оди во сомнителна ликвидација.

- Advertisements -

Огорчени од нелојалноста и од нечовечноста, оштетените истражуваат како со години успешната фирма наеднаш тоне во долгови и загуби, а нејзината работа ја презема новоотворена фирма, со речиси идентично име, сместена на иста адреса.

Поради сомневањата за манипулации и незаконско делување, семејството поднело неколку кривични пријави против раководните лица на компанијата

Пишува
Валентина СТОЈАНЧЕВСКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”