Како што цезаризмот го надживеал Цезар, дали и груевизмот ќе го надживее Груевски?

by Фокус

Цезарот на кој народот ќе му сврти грб ќе нема друг начин да остане на власт, освен со гола диктатура, па и тој нема долго да преживее. Не заради друго, туку затоа што претенденти за цезар секогаш демнат во сенките покрај патот по кој политички тој се движи.

Македонскиот цезар Никола Груевски веќе е влезен во самракот на неговиот цезаризам. Но, дали по самракот ќе настапи ноќта на отворената диктатура, или ќе изгрее зората за некој нов цезар и некој нов цезаризам е во крајна линија – сеедно.

Кога водачот мора да го молиме за секоја мала услуга оти институциите на државата не функционираат како што треба, за секој наш успех ќе треба да му благодариме нему.

Ако ги оправиме институциите до степен да си ја работат квалитетно и рутински својата работа, за секој наш успех ќе сме благодарни само на себе самите.

Смената на еден расипан Грујо со друг Грујо, кој допрва ќе се расипува, не значи ништо. Џабе е да се смачка еден крволочен комарец, кога друг од мочуриштето едвај чека да слета на местото на првиот за да ни ја цица крвта.

Единствениот начин да се спасиме од комарците е да го исушиме мочуриштето.

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”