Американците да не ги нап’нат кутиите

by Фокус

Ачик фатените бандити од власта, констернирани од тоа што за нивниот криминал се зборува на улица, во кафеана, на пазар, што се предмет на подбив и мајтап на работа, на училиште, во фабричка хала и за нивното мафијашко однесување тајно шепотат секретарките во министерствата и во владините институции, тие бандити, де, немаат друго чаре, освен за својот резил, што допрва се разголува, да прават циркус од државните институции, да ја тероризираат правдата, да ја ничкосуваат државата, а притоа прстот да го вперуваат во најмоќните на светот – САД.

Без Американците, демек, никој не можел да се дрзне да им приреди таква игранка. Тие мрсно кркале, а друг им е крив, аздисани!

Наместо да си го гледаат алот, ја потценуваат интелигенцијата на сите што умеат пристојно да мислат, мочаат врз народот, море за стока го есапат.

Нема друго чаре – пастирот мора да биде срушен на избори. Со чиста победа за опозицијата и обединетото граѓанство. Ако можеше Милошевиќ да падне на избори, а водеше 3:1 во анкетите, зошто не би можел и Груевски?

Без оглед што ТВ Сител следниот ден ќе излезе со ексклузивна тајна ТВ снимка од разговор на Заев, во кој се слуша како вели „Абе, што се секирате, Американците ќе и напнат кутиите“!

Разговараше
Јадранка КОСТОВА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”