Како се гради хотелот „Градска куќа“ и кого штити власта?

by Фокус

Откако фирмата ДЦ „Прајм пропертис“, зад која наводно стои грчкиот бизнисмен Кондоминас, победила на тендерот за изградба на хотелот „Мериот“ на скопскиот плоштад, била задолжена да откупи дел од парцелата која им припаѓала на приватни сопственици.

Според нашите соговорници, сопственици  на парцелата, министерот Јанакиески ги уценувал да ја продадат по 700 евра за квадрат, иако тие барале по 3.000 евра, со закана дека доколку не ја продадат, ќе им ја претвори во земјиште со друга намена.

Тие се сомневаат дека власта има директен интерес во изградбата на овој хотел. Иако уцената не успеала, министерот го остварил „ветувањето“ – Општина Центар го сменила ДУП-от за „Мал ринг“ и наместо градежно земјиште, сопствениците добиле јавна фонтана.

Инвеститорот, пак, наместо приватната парцела, добил повеќекатност за хотелот на постоечкото градежно земјиште.

Сега сопствениците водат повеќе постапки поради незаконитите дејствија за манипулација со изградбата на хотелот и обезвреднување на нивната парцела

Пишува
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”