Како малиот диктатор да стане голем реформатор и демократ!?

by Фокус

Мисијата Груевски, кој е изворен автократ, сериозно разнишан со сомненијата за главен организатор на фамилијарниот криминал, психо-патолошки сексист, примитивен античко-македонски националист, шовинист, минхаузеновски измамник, да воскресне преку ноќ во демократ и заштитник на правдата и слободата и човековите права, не само што е правопропорционална со гаранциите за неговата физичка слобода, туку е невозможна и неизводлива.

За да се вратат слободата, правдата и демократијата во Македонија, што е цел на граѓанското движење против авторитаризмот, единствено можно и одржливо решение за излез од политичката криза е да не се прави компромис за две константи.

Следните избори во Македонија мора да бидат демократски, фер и регуларни, а сомненијата за кривичните дела поврзани со снимките од прислушуваните разговори мора да се истражат и да се утврди кривична одговорност за актерите.

За сѐ друго што не спаѓа во овие два услова, може да се прави компромис, но попуштањето од елементарните принципи на владеење на правото и демократскиот легитимитет не гарантира правда и слобода.

Пишува
Зоран ДИМИТРОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”