Како ќе заврши: трагично, трауматично, трапаво, траљаво или традиционално?

by fokus

Да одиме во аналогија преку контраст на две превозни средства – трамвајот наспроти тракторот.

Првото, како елемент во урбаните европски средини (толку урбани, што во Македонија сѐ уште го нема трамвајот во употреба) би бил симболот на СДСМ и на политичките сили околу него, кои претендираат на урбано живеење, европски вредности, култура и толеранција, но и ограничен суверенитет, оти трамвајот оди по пруга и нема скршнување од таа зацртана траса.

Тракторот, пак, би бил симболот на ВМРО–ДПМНЕ и на сите други конзервативни, антизападни сили од тој табор. Тракторот е машина која служи за транспорт во средини каде нема патишта, оти може да се извлече од почва во која би се заглавило трајно секое друго возило (баш како што Грујо ги преживеа бомбите), а пак другата намена, онаа главната на тракторот му е да ја изора земјата под него, да го скрши такаречи нејзиниот отпор за во неа да биде засадено семето од кое потоа ќе жнее т.е. профитира некој.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”