Како и да се свртат, изборите им се напред

by Фокус

Актуелните политички пораки што ги пренесуваат политичките партии во ова рано предизборие можат слободно да се окарактеризираат како едно седмоглаво чудовиште.

Мешани пораки од разни глави, различни усти и на неистоветни јазици.

Но, кога ќе се соберат сите изјави, пресови и кажувања од политичките претставници, тоа квантитативно се чини дека има количество зборови, а, сепак, квалитативно само до толку што пораките можат да се сведат само на две значења: спас и преживување.

Така едните, пред сѐ, тие во опозиција, сакаат да ја спасат државата повикувајќи го народот, а другите, пред сѐ, тие во власта, да преживеат себеси повикувајќи се на народот.

Пишува
Рамадан РАМАДАНИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”