Како бугарскиот воз да го испратиме на слеп колосек?

by Фокус 13:06
13:06

Алатот што ние го нарекуваме „француски клуч“ во самата Франција го нарекуваат „англиски клуч“. Во Полска и во Израел, пак, истиот алат го нарекуваат „шведски клуч“.

Се чини, никој не го признава за свој, иако навистина тоа е корисен алат и нема причина кој било да се срами од него. За разлика од францускиот (т.е. англискиот, шведскиот) клуч, методата за местење избори која ние ја нарекуваме „бугарски воз“, во самата Бугарија ја нарекуваат „индиска нишка“.

- Advertisements -

Бугарите очигледно се срамат од тоа името на нивната сакана држава да се поврзува со некаква безобразна метода за манипулирање со волјата на гласачите, па во времето кога кај нив почна да се практикува, за нејзини творци тамошните новинари прво ги обвинија Ромите и од таму и името поврзано со Индија.

Но, како тргнало времето, можно е наскоро во Бугарија тоа да го завикаат и „македонска нишка“, па со текот на времето, она што ние и целиот Балкан го вика „бугарски воз“, да почне да се нарекува „македонски воз“.

Ако дојде до тоа, тоа ќе биде уште една голема победа за нашата дипломатија во борбата за зачувување на името. Подобро „македонски воз“ отколку фиромски или северномакедонски воз, нели?

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”