Исчезнал изборен материјал за да не се открие изборната кражба!

by fokus 13:59
13:59

Специјалната јавна обвинителка Јанева, неодамна во еден телевизиски настап изјави дека не успеале да пронајдат дел од избирачките списоци, кога СЈО ги барало во рамките на предметот за изборни нерегуларности „Титаник“, за да провери дали оние 35.000 лични карти, кои службите на МВР ги издале од 2011 до 2015 година, ама граѓаните не ги подигнале, биле користени на изборите во наведениот период.

Од ДИК нѐ известија дека најголемиот дел од изборниот материјал од парламентарните избори во 2011 е уништен согласно законот, додека сѐ уште се чува целокупниот материјал за локалните избори во 2013 и за парламентарните и претседателските избори во 2014 година, кој е сместен во општините, односно во магацин на Комисијата во касарната „Илинден“.

- Advertisements -

Но, за кои точни избори и гласачките места недостигаат списоците?

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”