Иднината на Груевски – шота или Шутка!?

by fokus

А сѐ почна од 2008-та, кога Груевски ја претвори ВМРО во ДПМНЕ-хејтерска. Тогаш вшприцаа огромни дози омраза кон Грција. Секој нов изборен циклус, своите поданици ги хранеше со омраза кон нов субјект.

Штанцаа ТВ-фабриките за лаги и халуцинации домашни предавници и надворешни непријатели 24/7. Оваа изборна дешаванка, пак, ја изигра со антиалбанството, палејќи ги најниските страсти на својата клиентела.

Папагалски го плашеа граѓанството со Заев, кој ѓоа има план за федерализација, кантонизација и двојазичност.

Арно ама, ДПМНЕ сега се соочува со бумеранг-ефект од своите хејтерски бљувотки. Ахмети и Тачи што му беа „верни до смрт“, сега се казнети „до смрт“ од гласачите, преполовени де.

Пишува
Јадранка КОСТОВА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”