Дали Ахмети ќе му ги исклучи апаратите за дишење на Груевски?

by fokus

Пастирот кон гласовите на Албанците се однесува како кон стока за политички битпазар со албанскиот криминален генг, како што впрочем сите гласови на Србите, Ромите, Турците и Бошњаците дадени за неговата коалиција, ги есапи за „цигански“ гласови, односно алаш-вериш гласачки ливчиња.

Арно ама, гласот против федерализацијата толку силно ја допингува албанофобијата во ДПМНЕ што станува воденичен камен околу вратот на Груевски кога е во прашање можноста за создавање владејачка коалиција со партиите на Албанците.

Значи, откако разнесен од „бомбите“ пастирот падна во политичка и кривично-правна кома, сега, според резултатите од изборите, јасно е дека е вклучен на албанофобни национал-шовинистички апарати за дишење, чиј прекинувач, за негова несреќа, во рацете го држи токму неговиот потенцијален албански партнер – Али Ахмети.

Пишува
Зоран ДИМИТРОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”