И „Фич“ беа поинакви, кога Господ одеше по земја…

by fokus

Додека Ставрески беше второто око во главата, „успешно“ се балансираше и во оценките од меѓународната финансиска заедница, па преодните оценки од таму добиваа медиумска десетка во Македонија.

Дојдоа бомбите, ја нагрдија убавата слика, инвестициите добија вистинско име – криминал, градбите во Скопје станаа потемкиново село на сиромашната Македонија. Политичката битка зазеде разорна моќ, а инстинктот за преживување единствен лајт-мотив за премиерот, министрите и за директорите.

Но, нивната десетгодишна игра со Македонија мора да се плати. Странците веќе не намигнуваат.

Последното мерење на агенцијата „Фич“ (во која порано се колнеа владините пропагандисти) го намали кредитниот рејтинг на Македонија, враќајќи ја земјата во далечната 2005 година.

Пишува
Младен ЧАДИКОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”