Грујевски и Јанкулоска ги уништија машините, ама не и доказите

by Фокус

Началникот на Петтата управа, Горан Грујевски кој доби 30-ет дневен притвор, и министерката Гордана Јанкулоска, во март 2015 година, во екот на објавувањето на т.н. бомби на опозицијата, организирале уништување на системите за прислушување во УБК со кои е вршено незаконското следење на комуникациите за да ги прикријат трагите и за да заштитат неколку лица како нарачатели, наредбодатели и корисници на прислушувањето.

Но, и покрај уништувањето на машините, „Фокус“ располага со информации дека тие не успеале да ги уништат доказите. За оваа скандалозна операција, во која покрај нив учествувале уште тројца припадници на МВР и за која оставиле многу пишани траги, фалсификувале документи и одлуки за да прикажат наводно законско расходување и уништување на средствата, им се закануваат повеќегодишни затворски казни.

Покрај истрагата под кодното име „Тврдина“, специјалните обвинители оваа недела го отворија и предметот „Тортура“, кој се однесува на незаконското и нечовечко апсење на Љубе Бошкоски во случајот „Кампања“, на 6 јуни 2011 година.

Очигледно е дека Специјалното обвинителство го стега обрачот околу поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, а наскоро се очекува да ги засили своите активности за откривање на злоделата на највисоките функционери на владејачката партија!

Пишува
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”