Дури ни диктаторот не сме си го избрале слободно!

by Фокус

Значи, „злосторничкото здружение“ и натаму ќе го разголува своето чедо – груевизмот, по секој потег на Катица. Особено кога ќе се обзнани, со докази и сведоштва, кој наредил прислушување, кој ги користел откритијата, кој го наместил Љубе, кој сведочел наместо Гркот, кој лапал провизии, кој монтирал избори, кој сечел глави на неистомисленици, кој лепел скандали злоупотребувајќи ја моќта…

Знам дека има безнадежни случаи, кои ниту докази материјални, ниту дузина сведоци, па и кога „каменот доаѓа од блиску“, нема да ги свестат. Како што обожавателите на Сталин, и кога окапувале во гулазите, верувале дека шефот поим нема за нивната судбина.

Но, добрата вест е дека  груевизмот е во зрела фаза на демонтажа. Без оглед дали изборите ќе бидат на 5 јуни и на некој друг петти или шести!

Првиот притвор падна, за началникот на Петтата управа. Мразот е скршен. Судијата изгледа го понеле владините реклами „Осмели се“. Да, Пешевски прв запеа на партиски собир, ама веќе се знае и кој прв ПРОПЕАЛ!

Збогум, Никола!

Пишува
Јадранка КОСТОВА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”