Груевски побргу ќе падне од внатрешни „пучисти“ отколку од бомбите на Заев!

by Фокус

Ако вакви мизерни мамлази владееле со нас осум години, и ете до ден денешен не сме западнале во тотален хаос, анархија со граѓанска војна, епидемии или глад од кои по илјада луѓе ќе умираат секој ден по улиците, тоа е доказ дека или е ептен лесно да се одржува една држава во живот (штом и дилетанти кои цело време работат за себе, а не за државата, го можат тоа) или пак некој многу посериозен од нив ни ја одржува земјава во живот, без ние да сме свесни.

Па, кој стои зад Македонија? Не знам, ама кој и да стои, прашање е, гледајќи нѐ какви сме, до кога ќе стои и дали нема многу скоро и тој од нас да крене раце засекогаш.

Ако ние не се оправиме под итно и не застанеме самите зад својата држава, та ние да стоиме зад Македонија, многу брзо ќе останеме без држава.

А ако тоа го дозволиме, е тогаш навистина и заслужуваме да нѐ викаат човечиња.

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”