Груевски по мирен пат ниту ќе си оди од власта, ниту ќе оди в затвор!

by Фокус

„Ќе има реконструкција на оваа држава по сите линии, а тоа ќе ги зафати прво партиите, ќе избијат сите внатрешни незадоволства.

Ќе има колективна катарза на граѓаните на Македонија и ова е историски момент“, вели во интервју за „Фокус“ поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини.

Тој смета дека за Македонија претстои едно силно расчистување со партиските елити, во македонскиот и во албанскиот блок.

„Македонскиот народ, со последните настани, со протестите и со истрајноста, покажаа дека можат.

Досега молчеа, но сега се покажа дека може и тоа најмногу, благодарение на Никола Груевски и на Ѓорге Иванов.

И мирниот народ, за каков што важи македонскиот, виде дека претераа. Од ова назад нема.

Или ќе биде како што сега прогнозирам, или ќе има поголем хаос. Верувам дека сме држава каде што раководството не располага со таква физичка сила за да предизвика хаос.

И народот не сака да се тепа за криминалци“, вели Хајредини.

Разговараше
Младен ЧАДИКОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”