Груевски ќе бара од Трамп да му го испорача Сорос!?

by fokus 13:50
13:50

Се разбира, трагикомичен е обидот на Груевски со пропагандната хајка против Џорџ Сорос и „соросоидите“ во Македонија да и се додвори на новата американска администрација.

Па, ве молам, нему „режимот на Обама во заминување“, што би рекол Милорад Додик, не му изгласа ниту една единствена санкција, како што тоа го направи со претседателот на Република Српска.

- Advertisements -

Да му лепнеше Викторија Нуланд на пастирот барем една елементарна забрана за патување во Њујорк, ете не мора баш и во Мајами, сега ќе имаше со што да мафтаат неговите револуционерни протестанти пред „Трамп тауер“ на Менхетн.

Вака, клучниот балкански борец против Сорос нема легитимација дека е брутално шиканиран од хиларистичката наци-солдатеска на Бејли за да може да се скраси во скутот на Трамп.

Пишува
Зоран ДИМИТРОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”