Градската плажа се капе во смет и во урнатини, мостот „Око“ распука од убавина!

by Фокус

Веќе неколку години откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, главниот град е под барокна окупација од владини згради, споменици, фонтани, плажи, галии…

Владата на Груевски, според обвинувањата на опозицијата, за овој проект потроши вртоглави половина милијарда евра.

Во моментот, центарот на градот е преплавен со урнатини, булдожери и со работници кои работат 24/7 на овој луксузен проект.

Но, дел од проектите кои спектакуларно беа најавувани, а за кои беа потрошени огромни суми, сега се во очајна состојба.

Меѓу нив е Градската плажа кај Камени мост, која повеќе не функционира, а за која буџетот остана покус за 200 илјади евра.

Исто така, проблеми со градбата има и мостот „Око“, а се најавува дека ако продолжи поставувањето на милионската ограда на мостот „Слобода“ кај хотелот „Холидеј ин“ поради тежината, може да дојде до пропаѓање на коловозот

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”