Функцијата не му дава углед на човекот, туку човекот ѝ дава углед на функцијата

by fokus

Да се сетиме колку љубов, вера и надеж на времето побуди Катица Јанева, заедно со нејзините придружнички Ленче и Фатиме. Ги нарекуваа „трите грации“ и ги носеа на маици, па им снимија документарец како за „Чарлиевите ангели“, па „Модерни Амазонки“ беа, па имаше графити „Јанева мојот херој“ и слични такви глупости. Воедно каква било критика упатена кон нив беше отфрлана како обична малициозност креирана од пропагандната машинерија на режимот.

Кај вмровците Сашо Мијалков беше икона, а и Данела Арсовска до вчера беше максимално ценета и почитувана, и секоја критика упатена на нејзина сметка беше секогаш дефектен продукт на некоја комуњарска фабрика за лаги. Во нешто подалечното минато на партијата, Љубе Бошкоски беше Брат Љубе, а Љубчо беше Војвода. Пред тие некогашни икони одамна никој не се крсти.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК