Финансиските зони требаше да бидат пералница на црните пари на Груевски и на Ахмети

by Фокус

Зулфи Адили е единствениот пратеник од новоформираната политичка партија Унитети, на поранешниот началник на Генералштабот на ОНА, Гзим Острени, која произлезе како резултат на процесот на внатрешното незадоволство во ДУИ од вовлеченоста на партиското раководство во корупција и криминал.

Во интервју за „Фокус“ тој вели дека политичката криза во државата всушност започнала токму со партиската криза во ДУИ, кога дел од партиските функционери се спротивставиле на предлозите за уставни измени за кои ВМРО-ДПМНЕ ја побара и поддршката од албанскиот коалициски партнер.

Притоа, најспорно било формирањето на финансиските зони, каде што, според нашиот соговорник, владејачките партнери сакале да си ги исперат валканите пари изнесени надвор

Пратеникот, актуелен потпретседател на Унитети и довчерашен член на Централното претседателство на ДУИ, говори за политичката криза, за состојбите во неговата поранешна партија во владејачката коалиција, за можноста за формирање силен албански опозициски блок и за македонско-албанска-предизборна коалиција…

Разговараше
Влатко СТОЈАНОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”