Фијат Цаноски: Груевски и неговите „волци од Белизе“ сакаа преку офшор-компании да ми го земат целиот имот за џабалак

by fokus

„Се однесуваа како да сум непријател број 1 на државата. По рушењето на Космос ни наплатија комуналии, ама и камати од преку 6 милиони евра. Ми го раскинаа договорот за инвестирање во Ливадиште, ни ја одзедоа дозволата за фирма за обезбедување. ФИНЕ и ФОН имаа еден тон инспекции. Под притисок банката одби да го реструктуира кредитот за да ме однесат во стечај. За таа цел, партиски извршител ни го процени сиот капитал за 10 пати помалку од реалната вредност“.

Ова е само мал дел од маките со кои се соочил Фијат Цаноски откако на почетокот на 2011 г. ја напушта коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, објаснува и дека одмаздата на Груевски почнала „многу поодамна, од денот кога одлучија со динамит да го рушат мојот приватен капитал“.

По подолго време молк, ова е прво излегување во јавност на Цаноски, кој неодамна се повлече од лидерската позиција во Партијата за европска иднина.

Разговараше
Јадранка КОСТОВА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК