Фамилијата сака да го преземе шведското казино „Аполонија“?

by Фокус 13:40
13:40

На шведското казино „Аполонија“ во Гевгелија, односно на фирмата „Корона Интернационал“ што стопанисува со него, неколку месеци му се блокирани сметките, не може да исплаќа плати, ниту данок кон државата, иако не се води никаква кривична истрага против компанијата, ниту против нејзиниот управител!

Судот одбива да го достави решението за замрзнување на сметките на казиното до „Корона“, со образложение дека таа не е предмет на истрага, туку едно физичко лице кое порано имало врска со казиното, а адвокатите на „Аполонија“ немаат ниту право на жалба на решението!?

- Advertisements -

Според нив, ова е игра на моќници од подземјето поврзани со власта кои имаат влијание врз судството и другите надлежни органи и сакаат да го банкротираат казиното, за потоа да го преземат, зашто станува збор за бизнис од повеќе милиони евра.

За случајот знае и амбасадорот на Шведска во Скопје, кој се очекува наскоро јавно да ги изнесе сознанијата за опасната игра со казиното. Во Судот за човекови права во Стразбур, адвокатите на „Корона“ поднеле жалба за случајот и очекуваат тој да го укине незаконското судско решение

Пишува
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”