Фамилијарно-партиска армија на ВМРО-ДПМНЕ во администрацијата

by Фокус

Во последните девет години откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, неофицијалните бројки покажуваат дека во државната и јавната администрација бројката на вработени двојно се зголемила и достигнала до околу 180.000 граѓани.

Веќе подолг период опозицијата обвинува дека за граѓаните да дојдат до работно место мора да имаат партиска книшка или роднински врски.

Според досегашните искуства, сопруги, синови, ќерки, браќа и сестри на актуелни и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ добиле добри работни позиции. „Фокус“ истражуваше кои се луѓето кои по систем на партиски и фамилијарен непотизам се вработени во министерствата, државните институции, општините и во јавните здравствени институции.

Зошто нивните имиња и презимиња ги крие власта?

Зошто Државната комисија за спречување на корупцијата не реагира на обвинувањата и не поведе постапка против ваквите случаи?

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”