Безвредно „не“ за јунакот на Грција!?

by Фокус

Драмата во која влезе нашиот јужен сосед е своевидна комбинација на неодговорноста на политичките елити, стимулираната растрошност на грчките граѓани, но и „слепилото“ на кредиторите кои едноставно мижеа пред случувањата во државата.

Многумина сметаат дека нивното „слепило“ беше предизвикано од сопствената потреба вишокот на пари да го пласираат за високи камати во пријателски земји, каква што секако, беше Грција.

Тоа сепак, никако не може да го оправда начинот на кој Владата во Атина изминативе две децении ги менаџираше долговите и кредитите. Одговорноста во краен случај е нивна.

Во целата ситуација итриот Ципрас успеа да добие политички капитал на база на референдумското ОХИ, но тој капитал може и пет пари да не му вреди доколку во следните неколку денови не покаже вистинска волја за решавање на должничката криза.

За начините и модалитетите за можниот излез разговаравме со професорот Крсте Шајноски и со аналитичарот Бранимир Јовановиќ.

Нашите соговорници во некои нешта се согласуваат но имаат и дијаметрално спротивни ставови по однос на многу прашања кои ја тангираат состојбата во Грција.

Пишува
Младен ЧАДИКОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”