ДУИ одамна требаше да се дистанцира од недемократското владеење на ВМРО-ДПМНЕ

by Фокус

Ермира Мехмети ѝ припаѓа на помладата генерација политичарки, која во почетните години од формирањето на ДУИ, како прва партиска гласноговорничка, одигра една од клучните улоги за хуманизирање во јавноста на оваа политичка партија што произлезе од воената организација ОНА.

Во меѓувреме, таа стана една од најактивните пратенички во парламентот, што го користеше како форум за изразување на сопственото мислење, базирано на, како што вели, европските вредности, без разлика дали тоа кореспондира со партискиот или со владиниот став.

Таа побара нејзината партија да ја напушти актуелната влада, бидејќи, според неа, почива на поинакви принципи и идеи од недемократските практики на ВМРО-ДПМНЕ, кои резултираат со завладување на сите сегменти од општеството.

Во интервју за „Фокус“, говори дека нејзините јавни реакции никогаш не биле мотивирани од лични амбиции, туку станува збор за лични убедувања, кои и сега ги сподели околу политичката криза, аферата со прислушувањето, евроатлантските интеграции…

Разговараше
Влатко СТОЈАНОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”