Додека Американците си имаат американски сон, Македонците би биле задоволни и со македонска дремка

by Фокус 19:45
19:45

Ако каубојските филмови се слика за американскиот сон, македонскиот сон најубаво е опишан во онаа славна народна приказна за „Сиромавиот што се стори цар“ каде што ликот на сиромавиот го одигра маестрално легендарниот Ѓорѓи Колозов.

Речиси и да нема Македонец што ја нема изгледано и што не ја памети таа епизода од „Македонски народни приказни“ и особено сцената кога Колозов седнат на тронот (едно обично дрвено столче) бара да му се даде „чибуко и кавето“ додека го чека магарето натоварено со азното кое само ќе си дојдит при него, чунки сега тој е станат цар, се зацарил ѓоа, и не мора ништо да работи појќе.

- Advertisements -

Е баш тоа е македонскиот сон, амбицијата на стотици илјади Македонци, млади и стари. Да се најде начин, да се среди некако работата, кај треба да се плати, да се накодоши или да се клекне, тоа час поскоро да се направи, само и само за да се дојде во ситуација кога ништо не ќе мора да се работи, туку само да се седи на тронот (фотелјата) и со кафето во едната и со чибукот (или мобилниот) во другата рака да се чека да дојде први и магарето со азно (платата од државната институција) само да си дојде при „царот“.

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”