До Нова година, Груевски ќе одговара за своите злодела!

by Фокус

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, во своето прво интервју по договорот од Пржино изнесува низа детали од договорите.

Зборува за очекувањата од наредниот период, за начините на кои, како што вели, ќе се демократизираат институциите.

Се чини дека клучната улога во овој процес му ја дава на новиот специјален обвинител.

„Јас сум убеден дека по сите 32 пријави што ги поднесовме има елементи за обвинение. Власта прво велеше било лепено и креирано.

Сега не вели тоа, вели индикации само имало. Но, „Космос“ не е индикација. „Космос“ е срушен. Изборните манипулации што се слушнаа во бомбите не се индикација, па нив ги има и во извештаите на ОБСЕ-ОДИХР, „Мост“, „Цивил“.

Прикривањето на убиството на Мартин Нешкоски не е индикација, туку факт“, вели лидерот на опозицијата

Разговараше
Младен ЧАДИКОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”