Дане Илиев: Судиите одработуваат за власта поради привилегиите што ги добиле!

by fokus 14:13
14:13

По деценискиот молк на судиите, кои досега само анонимно се жалеа дека работат под притисок, неодамна, еден од нив, судијата Иван Џолев се огласи обвинувајќи го претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, за незаконско влијание. Судијата Џолев му поднесе кривична пријава на претседателот Панчевски, а тој му врати со иста мера, само обвинувајќи го за лажно пријавување.

Темпирано или не, судискиот двобој го означи и стартот на изборната кампања во трката за претседателското столче на Основниот суд Скопје 1. Нешто помирно, пак, се означи стартот и на изборот на новиот претседател на Врховниот суд. Тука актуелната претседателка Лидија Неделкова влезе во дуел самата со себе, бидејќи по долгогодишен молк сега наеднаш призна дека судството било во лоша состојба. Демек, кој признава, половина му се простува!

- Advertisements -

За најновите потреси во третата власт зборуваме со пензионираниот судија Дане Илиев, кој по 40 години минати во судството, од лани е во пензија. Илиев, покрај судискиот стаж, девет години беше претседател на Основниот суд Скопје 2, а четири години беше и на чело на Врховниот суд. Според него, правдата била подостижна во минатото, а денес судството го оценува како крајно зависно од извршната власт и преполно со луѓе на кои таму воопшто не им е местото

Разговараше
Валентина ВУРМО

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”