Дали за да излеземе од кризата, треба прво подлабоко да влеземе во неа?

by fokus

Преку сликовита метафора, да ги замислиме трите големи партии како овни кои јуришат кон еден ѕид кој е метафора за политичката криза и се обидуваат овните со удар од нивните тврди глави да го срушат ѕидот.

Значи, по првиот јуриш (периодот до ланските избори) кога ѕидот не падна на 11 декември, треба да се вратат неколку чекори назад (широка влада како опишанава погоре имавме до пред изборите) и овој пат со поголем залет (стекнат авторитет и покачен рејтинг свој, а намален на противникот, преку подобра работа во својот сектор) да јурнат сите партии кон нови избори, кон нов обид да се урне ѕидот со јачината на ударот со тврдата овновска глава.

Ако после и тие избори ситуацијата е пак статус кво, пак се враќаат сите партии назад во широка влада, пак земаат уште поголем залет (работат на својот авторитет и рејтинг) и пак јуришаат кон ѕидот. Ова се повторува додека или ѕидот или партиските глави не пукнат.

А и едниот и другиот исход би биле добри за Македонија!

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”