„Фокус“ располага со документи, со кои уште пред девет години, поточно на 30 март 2017 година, на еден од одржаните состаноци, Комисијата за заразни болести го задолжила Институтот за јавно здравје во делот на препорачаните средства за оваа намена да се води сметка да бидат во соогласност со препораките на СЗО, но истовремено да бидат одобрени и регистрирани од Секторот за хемикалии.
Во истиот документ е наведено дека е пожелно истото средство да се менува на одреден период бидејќи комарците стануваат резистентни, поточно отпорни на препаратот и не можат да се уништат.
Тука е и минималниот ефект од авионското прскање, кое не се користи во европските земји, а дополнително е и тоа што биоцидот Aqua K-Othrine не е регистриран за таа намена. Крајниот исход е епидемија на западнонилска треска со човечки жртви.
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК