Зад поставената „сцена“ од власта и опозицијата, со примеси на паника каква вода пијат скопјани во последниве десетина дена, демне вистинска опасност за изворот на Рашче.
Со негативен потенцијал од такви размери, што при неговото опишување – зборот катастрофа ќе звучи премеко. Зборуваме за индустрискиот отпад и јаловината што се наоѓа во кругот на некогашниот металуршко-хемиски комбинат „Југохром“ и исклучително токсичниот шествалентен хром што тој го содржи.
Или, кажано поинаку – приказната за Рашче не почнува од минатата недела. Таа трае со децении, некаде од шеесеттите години на минатиот век.
И, затоа во право се оние што тврдат дека вистинското прашање не е – „дали денес водата во главниот град е загадена“, туку – „што правиме како држава за хромот од Јегуновце никогаш да не биде причина утре да се затворат чешмите во Скопје?“
Пишува
Зоран ФИДАНОСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК