Речиси никаде во регионот, па и пошироко, нема целосно етнички чисти државни граници. Повеќе или помалку, сите држави се со мешан етнички состав, поради што во дел од нив се предвидени инструменти за заштита и унапредување на правата на малцинствата, како што впрочем е и во Македонија.
Арно ама, повеќе од очигледно е дека за време на конфликтната 2001 година, во тогашната влада, не само што се прифатила првичната цел на паравоената ОНА за поделба на Македонија, туку ваквата идеја се развила во концепт за трампа на територии и население.
Денес, едните тврдат дека ако успеел овој план, сите граѓани ќе живееле поубаво, додека другите тврдат дека ја спасиле државата од распад.
Како и да е, сите тие тврдења и тези се модификации и адаптации на вистината, која гласи дека единствено силното противење на меѓународната заедница го сочува територијалниот интегритет на државата.
Во спротивно, ако дојдеше до поголемо крвопролевање, какво што имаше во БиХ, кој ќе понесеше одговорност?
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК