Да беше Македонија една изборна единица, Зоран Заев ќе беше премиер!

by fokus

Да беше Македонија една изборна единица, најверојатно немаше да има коалиции што немаат смисла, а кои се прават само за да се постигне цензусот.

Но, и да имаше коалиции, ако го добиеја истиот број на гласови, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе имаше 48, наместо 51 пратеник, СДСМ ќе имаше 47 наместо 49 пратеници, ДУИ ќе имаше 9 наместо 10, Беса ќе имаше 6 наместо сегашните 5, Алијансата за Албанците ќе имаше ист број како што има и сега (3 пратеници), ДПА ќе имаше 3 наместо само 2, коалицијата „ВМРО за Македонија“ ќе имаше 2 наместо ни еден како сега и по еден, ама вреден пратеник ќе имаа Левица и коалицијата на Павле и Јове.

Значи, според сегашните резултати, Груевски и Ахмети имаат под своја контрола 61 пратеник, доволно за да формираат влада. Да беше целата држава една изборна единица, ќе имаа двајцата само 57 пратеници, и тогаш погодете кој ќе беше идниот премиер.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”