Бранимир Јовановиќ: Богатите конечно мора да ја платат сметката

by fokus

Бранимир Јовановиќ ѝ е добро познат на јавноста како економски аналитичар, кој често во изминативе години беше гласен во своите критики кон претходната власт, особено за непродуктивните трошења, но и третманот на работниците и најсиромашните во општеството.

Тој повеќе години работеше во Народната банка на Македонија, кратко време беше гледан како надеж во новата партија Левица, од која во последно време се дистанцираше, а сега од професорското место во Институтот за општествени и хуманистички науки влета во новиот тим на министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Владата и Министерството за финансии не се волшебници и не ги собираат парите на дрво. Некој мора да го плати ручекот, а новиот советник за буџетски фискални прашања во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ, за „Фокус“ вели дека тоа најверојатно ќе бидат побогатите во општеството.

Преку зголемувањето на даноците за оние кои имаат најмногу, ќе се спасуваат оние кои немаат за леб, како и секторите кои се во криза – образованието, здравството, социјалата

Пишува
Кристина ОЗИМЕЦ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”